Жирито за национален избор на Автомобил на годинатаа во Македонија ги презентира осумте финалисти кои влегоа во трката за престижното признание во автомобилската индустрија. Активностите на шестчленото жири кои траеја преку целата 2012 година, резултираа со избор на осум потенцијални модели за вкупен победник. Во потесна конкуренција за избор на Автомобил на годинатаа влегоа: Дачија Лоџи, Греат Вол Ховер Х5, Киа Оптима, Мерцедес А класа, Митцубиши Аутлендер, Пежо 301, Сеат Леон и Хонда Сивик. Главни критериуми за оценување на автомобилите кои конкурираат за титулата се адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн, комфор и опременост.
Жирито за национален избор на Автомобил на годинатаа во Македонија ги презентира осумте финалисти кои влегоа во трката за престижното признание во автомобилската индустрија.
Активностите на шестчленото жири кои траеја преку целата 2012 година, резултираа со избор на осум потенцијални модели за вкупен победник. Во потесна конкуренција за избор на Автомобил на годинатаа влегоа: Дачија Лоџи, Греат Вол Ховер Х5, Киа Оптима, Мерцедес А класа, Митцубиши Аутлендер, Пежо 301, Сеат Леон и Хонда Сивик.
Главни критериуми за оценување на автомобилите кои конкурираат за титулата се адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн, комфор и опременост.